Жителите на Загреб и околината им приредија спектакуларен пречек на хрватските фудбалери, кои, на Мундијалот во Русија забележаа историски успех освојувајќи го сребрениот медал.  „Ватрените“ во финалето на СП изгубија од Франција (4-2).

Фото галерија:

Кликни на фотографиите за ги зголемиш и да ја разгледаш галерија

Како што пренесуваат хрватските медиуми на плоштадот и на улиците низ Загреб има повеќе од 300 000 жители, а не се одбира место од каде може да се поздрават новите херои на хрватскиот фудбал.

До вчера најголем успех на Хрватска на Мундијалите беше бронзениот медал од 1998 година на СП во Франција.

OhridNews