Четворица охриѓани добија ваучери за прехрамбени производи во висина од 1000 денари, во рамки на второто извлекување на Наградната игра ,,Фискална во рака-награда без мака’’, која ја организира Министерството за финансии на Република Македонија.
Во второто јавното извлекување кое се оддржа на Првата програма на Македонската радио телевизија, беа доделени и вредносни ваучери за ауди/видео опрема, бела техника и мали кујнски апарати, мобилни телефони и фотоапарати, компјутери и компјутерска опрема, велосипеди, односно ваучери за прехрамбени производи во висина од 4000 и 1000 денари.
Инаку, во првото извлекување кое се оддржа на 30-ти декември 2013 година, стружанецот Димитар Миладинов беше среќниот добитник на деловен простор, Трајко Кузманоски од Куманово доби стан во Скопје, а автомобилот Пежо 207 замина во рацете на Панде Мановски од битолското село Буково.
OhridNews