Станислас Вавринка до првиот трофеј од големите турнири стигна на сензационален начин победувајќи го Рафаел Надал во финалето од Австралија Опен со 3-1 во сетови (6-2, 6-3, 3-6, 6-3).


– Незнам дали ова е сон или јаве. Минатата година многу плачев после поразот од Ѓоковиќ затоа ова сега ми изгледа неверојатно – рече победникот на австралискиот гренд слем турнир.

Рафаел Надал, кој во текот на мечот имаше проблеми со грбот, а низ турнирот со раката му ја честиташе победата на својот ривал – Морам да кажам да „Стена“ сосема заслужено го освои трофејот од гренд слем турнирот во Австралија. Среќата не беше на моја страна, се гледаме за 12 месеци.

До финалето швајцарскиот тенисер ги елиминираше Чехот, Бердрих и трикратниот првак во низа Новак Ѓоковиќ.

Мх.П.