Празничната фудбалска еуфорија во Англија ќе продолжи со натпреварите од 20-то коло. Лидерот на табелата Манчестер Јунајтед, откако во средата во прекрасен
натпревар ја извлече победата против Њукасл, во оваа рунда одново ќе
игра на домашен терен. Јунајтед ќе игра против Вест Бромвич Алобион,
екипата за која настапува Горан Попов. Македонскиот интернационалец
поради повреда ќе го пропушти гостувањето на неговиот тим на „Олд
Трафорд“.

Актуелниот првак Манчестер Сити, по киксот во минатото коло кај
Сандерленд, во оваа рунда ќе му гостува на Норич, екипа која во минатото
коло загуби од Челзи, но која како домаќин сезонава забележа победи над
Арсенал, Манчестер Јунајтед и Тотенхем.

Челзи, конечно ја стабилизира играта, откако на наговата клупа седна
Рафа Бенитез, но „сините“ кои се во серија од три победи со гол разлика
14:1, ќе му гостуваат на Евертон, кој сезонава има само два пораза, а во
исто време не е поразен на последните седум натпревари.

Двојки

Сабота : Сандерленд-Тотенхем, Астон-Вила-Виган, Фулам-Свонси, Ман. Јунајтед-ВБА, Норич-Ман.Сити, Рединг-Вест Хем, Стоук-Саутемптон, Арсенал-Њукасл

Недела : Евертон-Челзи, КПР-Ливерпул

Табела: Ман. Јунајтед 46, Ман. Сити 39, Челзи (-1) 35, Тотенхем, Евертон, ВБА 33..

“Макфакс“