На последниот натпревар од саботната програма Арсенал и Њукасл го одиграа можеби најдобриот меч во Премиер лигата. Гледачите на “Емирати“ уживаа во десетте погодоци, а на победата на крајот се радуваше Арсенал откако триумфираше со 7-3.


Манчестер Јунајтед со 2-0 успеа да ја совлада екипата на Вест Бромвич Албион за која поради повреда не настапи македонскиот интернационалец Горан Попов.


“Црвените ѓаволи“ одиграа далеку по мирен натпревар од оној пред три дена против Њукасл. Избраниците на Сер Алеск Фергусон веќе во 9-та минута поведоа со 1-0 откако Мекалуј ја затреси сопствената мрежа. Јунајтед победата ја запечати во 90-та минута со 14-от гол во сезоната на Робив ван Перси.

Резултати : Сандерленд – Тотенхем 1-2, Мен Ју – ВБА 2-0. Норвич – Мен Сити 3-4, Стоук – Саумптетон 3-3, Фулам – Свонси 1-2, Ридинг – Вест Хем 1-0, Арсенал – Њукасл

Табела : Мен Ју 49, Мен Сити 42, Тотенхем 36, Челси 35. . .

Мх.П.