Францускиот интернационалец Николас Ањелка ги мина лекарските прегледи и ќе биде нов фудбалер на ВБА.


Екипата од Бирмингем за него е вкупно единаесетта во својата богата кариера. Французинот одисејата низ клубовите ја почна во ПСЖ потоа беше член на Арсенал, Реал Мадрид за пак да се врати на „Паркот на принцовите“.

Оттаму се враќа во Премиер лигата, но го засилува Ливерпул, па преминува во Манчестер Сити од каде прави трансфер во Фенербахче.

Дека најмногу му лежи фудбалот во Премиер лигата покажа неговото враќање овој пат во Болтон, па во Челси. Од „Стемфрод Бриџ“ заминува во Кина заедно со Дидиер Дрогба.

Непозната територија за него беше Серија А, но таму место за него имаше во Јувентус каде не се прослави и заврши во ВБА.

Поранешниот француски репрезентативец е најскаплатениот фудбалер во светот низ овие 11 клубови кои го сменил во текот на својата кариера.

Мх.П.