Противпожарните единици никако да здивнат. Речиси и да не измине ден, а на бројот 193 да не се пријави избувнување на пожар.

Вчеравечер биле пријавени два пожари, едниот во село Слатино во кој од пламените јазици бил зафатен дел од шумскиот појас, а вториот избувнал на Починка во кој била зафатена само сува трева.

И во двата случаи од страна на екипите на Противпожарните единици било навреме интервенирано, по што тие биле изгаснати. Не е предизвикана голема материјална штета.

Според информациите на охридската Противпожарна единица годинава се бележи рекорден број на пожари. Само во месец март биле евидентирани над 40 случаи. 

OhridNews