Иако во моментов ја извршува функцијата ВД претседател на охридскиот Основен суд, судијата Милчо Клишески, ќе продолжи да ги суди посложените предмети кои според годишниот распоред му беа доделени.

Клишески ќе ја извршува функцијата ВД претседател до именувањето на нов, од страна на Судскиот совет на РМ. Распишаниот оглас за избор на претседател се затвори на 9- ти јануари, а на него се пријавени пет кандидати.

Во рок од еден месец по затворањето на огласот се очекува Судскиот совет да донесе одлука кој ќе биде идниот прв човек на охридскиот Основен суд.

OhridNews