Легендата на Манчестер Јунајтед и англиската фудбалска репрезентација Вејн Руни после завршување на календерската година ќе замине од МЛС лигата и ќе се врати во својата родна земја.

Руни ќе и се приклучи на екипата на Дерби Каунти и ќе има улога на играч и тренер. Рекордерот по бројот на постигнати погодоци на Олд Трафорд со Дерби Каунти ќе потпише договор на една и пол сезона.

Интересен факт кој е поврзан со Дерби Каунти е забележителниот напредок на Франк Лампард. Поранешниот англиски репрезентативец после само една мината сезона во Дерби ги освои симпатиите и го презеде Челси, кој во меѓувреме остана без менаџер по заминувањето на Маурицио Сари.

Руни повеќе од една деценија го носеше дресот на „ѓаволите“ а потекнува од школата на Евертон.

OhridNews