Пилотот на Ред Бул, Марк Вебер, ја освои пол позицијата, во пресрет на неделната трка за Големата награда на Кореја.
Австралиецот до својата десетта пол позиција во кариерата стигна со најбрзиот круг од 1:37.242 минути на патеката во Јеонгам.
Друштво на Вебер во првиот стартен ред ќе му прави актуелниот светски првак и тимски колега Себастијан Фетел, кој за една десетинка имаше послабо време.
Зад пилотите на Ред Бул, од вториот ред трката ќе ја започнат Луис Хамилтон (Мекларен) и лидерот во вкупниот поредок Фернандо Алонсо (Ферари).
Ваквиот распоред на првите четири позиции на стартот гарантира доста возбудувања на трката за ГН на Кореја.
Зад најдобрата четворка ќе стартуваат Кими Раиконен (Лотус), Фелипе Маса (Ферари), Ромен Грожан (Лотус), Нико Хилкенберг (Форс Индија), односно возачите на Мерцедес Нико Розберг и Михаел Шумахер.
Трката за ГН на Кореја на патеката во Јеонгам ќе се вози во недела со почеток во 8 часот по средноевропско време.
Целосно се комплетирани активностите за реконструкција на спортските игралишта во подрачниот објект на ООУ „Григор Прличев“ во населба Рача и игралиштето во станбениот комплекс на ул „7 Ноември“ &n...
Ален Ќосевски е нов играч на ГРК Охрид Како што информираат од клубот Ќосевски потпиша на 15 сезона со ГРК Охрид Настапува на позицијата десно крило и има 24 години (184цм) Доаѓа по 65 сезони помин...
Одложениот дерби натпреварот помеѓу екипите на ГКК Охрид и КК Вардар во рамките на 10-то коло од Првата лига мажи ќе се одигра денес во СЦ „Билјанини Извори“ – Охрид со почеток во 13 часот Дерби ис...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.