Пилотот на Ред Бул, Марк Вебер, ја прекина доминацијата на клубскиот колега Себастијан Фетел и утрешната трка за ГН на Британија ќе ја започне од првата позиција.

Вебер патеката Силверстон ја мина со време од една минута, 30.399 секунди, со што стигна до втората пол-позиција оваа сезона.

Веднаш до Австралиецот од првиот стартен ред утрешната трка ќе ја започне лидерот во вкупниот поредок, Себастијан Фетел. Зад возачите на Ред Бул ќе стартуваат двата болида на Ферари со Фернандо Алонсо и Фелипе Маса.

Домашната публика немаше многу причини за задоволство по денешните квалификации, двајцата Британци Џенсон Батон, односно Луис Хамилтон трката ќе ја започнат од петтата, односно десеттата позиција.

Трката за ГН на Британија, деветта во шампионатот на Ф1 ќе стартува во 14 часот.

Макфакс“
Ohridnews