Во рамките на фестивалот “ОХРИД ТЕ САКАМ“ на 26.10.2009 (понеделник) во ОМУ „Методи Патче“ во Охрид со почеток во 19. часот ќе настапат Емилија Потевска и Татјана Џорлева – клавирско дуо.
Ќе биде вечер посветена на македонскиот композитор Димитрие Бужаровски на која ќе бидат изведени неговите најпознати дела Nocturnes op. 52b “Трнушко/Шекерна/Вечерајте”,” Не си го продавај Кољо…”, “Не се бели маре мори”, “Дали паметвиш Милице”.











