Во родното село на големиот македонски писател Живко Чинго, Велгошти, денеска по 22 пат ќе се одржи културната манифестација „Вечер на Чинго“.
Во рамки на манифестацијата ќе му биде врачена наградата на победникот на Конкурсот за најдобар расказ што по повод годишнината од смртта на писателот го организира Општина Охрид. Годинава добитник на првата награда во износ од 30 илјади денари е писателот Блаже Миневски за расказот “Слово горко,слово жалосно“.
Пред споменикот на писателот Чивко Чинго, обраќање ќе има градоначалникот на Охрид, Александар Петрески, а предвидена е и богата културно-уметничка програма.











