2019-08-24 22:00 - 2019-08-24 01:00

Џез Ин ве кани на уште еден незаборавен концерт, вечер на “Cool and Bebop Jazz” со триото на Сашо Поповски.

Сашо Поповски е универзитетски професор по гитара на Универзитетот “Гоце Делчев” во Штип, а покрај него триото го сочинуваат Александар Секуловски, кој покрај завршената академија за џез на Новиот Бугарски Универзитет, го усовршил својот инструмент – тапаните, на престижниот музички колеџ во Беркли. Иван Бејков – контрабас, исто така е професор на Универзитетот во Штип, а познат е во македонската музичка култура како основач и композитор на Проект Жлуст и соработник на Влатко Стефановски, Архангел, Д.Н.О., Тони Китановски…

Концерот ќе се одржи во сабота (24 август) со почеток во 22:00 часот, а карти за истиот по цена од 200 денари може да се купат во Џез Ин, или резервираат на телефонскиот број 078 201 491.

За потсетување, Џез Ин оваа година слави јубилеј од триесет години постоење и покрај концертот на “Сашо Поповски Трио”, љубителите на џез културата оваа година имаа шанса да уживаат во прекрасните концерти нa Christina Diaz Trio, Фолтин, Звонимир Тот и Тони Китановски, Кабадајас, Томе Илиев Секстет, Live Project Transmition 3, Next To Silence, а беа и домаќини на единствениот Летен Стендап Комеди Маратон кој т се одржа по втор пат, а траеше цели дваесетиеден ден.

OhridNews