Вториот дел од “SUMMER COMEDY MARATHON!”, што се одржува на бродот “Армада”, продолжува на 12 август со вечер на црн хумор со Никола Тодороски, Илија Богданоски, Никола Сиљаноски и Зоран Донев. (18+).

Неверојатна вечер на црна комедија во која се исмеваме со се што е забрането или табу. Сето она за кое ќе ви речат дека не треба да се шегувате и дека е претерано е тема на оваа вечер. Црна комедија која не е за сечиј стомак. Особено не за оние кои лесно можат да се навредат. За сите останати неверојатно шоу од кое ќе ве болат стомачните.

Бидете брзи, резервирај билети или купи онлајн на armada.mkarmada.mk

Местата се ограничени на 45!

За време на шоуто важат сите пропишани протоколи за заштита од COVID-19.

OhridNews