Култниот етно состав „Синтезис“, на 18-ти јули, петок, ќе одржи концерт во неповторливиот амбиент на ресторанот „Острово“ на изворите во Свети Наум. Воедно тоа ќе биде вечер на винаријата „Далвина“, која ќе ги презентира своите производи, препознатливи по својот квалитет на пазарот.
Вечерта на „Далвина“ со звуците на „Синтезис“ започнува во 21.30 часот.
За секоја извршена резервација, гостите добиваат бесплатен превоз со бродот „Александрија 2“, кој од Охрид за Св. Наум тргнува од градското пристаниште во 20 часот, а се враќа во 00.30 часот, информираат од ресторанот „Острово“.
Заинтересираните резервација можат да извршат во ресторан „Острово“ или на тел. 072/210-903.
OhridNews