„Вечер на кратки филмови“ во сабота ќе се одржи во Младински Центар Охрид.  Со почеток во 20:00 часот, охридската публика ќе има можност да погледне селекција на кратки филмови од Мексико, Нов Зеланд, Соединетите Американски Држави, Словачка итн, но и ексклузивно да го погледне најновиот филм на Иво Трајков „The Ballad of Piargy“.

Настанот е дел од фестивалот „Future of Film Awards“ и е од натпреварувачки карактер, па тричлената жири комисија во состав Филип Кипровски, Стрезо Стаматовски и Филип Ангеличин – Жура ќе има задача да додели награда за најдобар филм, информираат организаторите.

Програмата на „Вечер на кратки филмови“ е бесплатна, а по прикажувањето на филмовите во просториите на Младински Центар ќе има коктел.

OhridNews