Покрај полагањето цвеќе на споменикот на Живко Чинго, предвидено е свое обраќање да има градоначалникот на општина Охрид, Александар Петрески, а беседа за творештвото на Живко Чинго ќе одржи Иван Џепароски, книжевен критичар.
На манифестацијата ќе биде врачена и наградата „ Живко Чинго“ за најдобриот расказ „Влегување во песната“ кој беше избран во конкуренција од 60 ракописи. Програмата ќе биде збогатена со културно-уметничка програма каде ќе настапат учениците од ОМУ „Методи Патче“ и КУД „Илинден“ од село Велгошти.