Утре, 11 август, во Култ Културен Центар во Охрид, со почеток во 20 часот, ќе се одржи вечер посветена на великанот на македонската драма, Горан Стефановски, гласот што нè научи дека „најстрашни се оние времиња кога самиот дом се претвора во туѓина, во џенем, во јабана. Кога човек е на своето огниште, а саштисан и отуѓен како змија да го полазила. Кога е внатрешно раселено лице. Кога „т’гата“ не е поради отсуство туку поради присуство. Кога седи среде куќи, а не може да си ја препознае домата.”

Од Култ Културен Центар посочуваат дека синот на Горан, Игор Стефановски, ќе биде специјален гостин вечерта и ќе пренесе лични впечатоци, интимни сеќавања и размисли за значењето на пишаниот збор, наследството и семејството.
OhridNews












