
Според најавите на директорот на фестивалот, Зоран Велјаноски-Летра, на свеченото затворање ќе бидат доделени наградите за филм, сценарио, машка и женска улога, а на режисерот Лелуш ќе му биде врачена”Златна маска” за животно дело.
Во рамките на фестивалот беа прикажани 11 играни и 4 кусометражни филмови од реномирани имиња од светот на француската кинематографија, кои беа задоволни од приемот на нивните остварувања кај охридската публика.
Организатори на овој голем настан што започна на 1 јули се Високата школа за аудиовизуелна реализација од Париз и Европската филмска академија од Скопје, во соработка со Министерството за култура, Општина Охрид и Амбасадата на Франција во Македонија.
А. Ристоска












