По повод манастирската слава на манастирот „Свети Климент и Пантелејмон“ на Плаошник,  Дебарско-кичевската епархија ги известува сите православни верници дека на вечерва по повод празникот на „Свети Климент Охридски Чудотворец и Свети великомаченик Пантелејмон“, во манастирот ќе се служи празнична вечерна богослужба.

Со богослужбата ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски господин Тимотеј, со почеток во 19 часот.

Света архиерејска литургија, по повод празникот ќе се служи и во недела на 9-ти август 2015 година со почеток во 9 часот, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски господин Тимотеј, митрополитот Струмички господин Наум и митрополитот Европски господин Пимен.

OhridNews