Германскиот селектор претходно најави дека нема да определи „фластер“ на Роналдо, туку дека ќе се обиде со преземање да го сопрат еден од најдобрите светски фудбалери.
Селекторот на Португалија, најмладиот од сите предводници на националните тимови кои настапуваат на Еуро 2012, Паоло Бенто, смета дека неговите избраници можат рамноправно да се носат со Германија.
„Се надеваме дека ќе одиграме најдобро што можеме, бидејќи само со таква игра ќе можеме да и’ парираме на Германија. Ние имаме одличен тим, но истото важи и за Германија. Тие играа сјајно во квалификациите и нивните три титули доволно зборуваат за нив. Ние овде дојдовме да играме, се наоѓаме во силна група, добро сме организирани и можеме да дојдеме до посакуваниот резултат“, рече Бенто.
Португалскиот селектор има проблеми со составот, бидејќи иако е најавен во првиот тим Нани е сé уште неизвесен за настап. Поради повредата, играчот на Манчестер Јунајтед би можел да ја пропушти целата сезона.
Дербито во „групата на смртта“, Германија – Португалија ќе започне во 20:45 часоt