По повод големиот христијански празник Велигден, во сите градски цркви ќе се одржи Воскресна богослужба со почеток во 23.30ч.
Централната богослужба ќе биде во манастирот „Свети Климент и Пантелејмон“ на Плаошник, со која ќе чиноначалствува митрополитит Дебарско – кичевски г. Тимотеј.
Утрото на ден Велигден во црквата „Света Богородица“ – Каменско, ќе се одржи втора света литургија со почеток во 8.00 часот.
Попладнето во 17 часот во катедралната црква „Св. Софија“ ќе се одржи вечерна Архиерејска богослужба, едноцрквие за Охрид, а ќе има и читање на Светото Евангелие на повеќе странски јазици, и делење на велигденски јајца.