Велгошти

Од 06.08.2023 - 21:00 до 06.08.2023 - 23:00

Еден ден подоцна од првично предвидениот термин, кој беше пролонгиран поради лошитете временски услови, вечерва ќе се одиграат полуфиналните натпревари на турнирот во мал фудбал во Велгошти.

Во полуфиналето се среќаваат:

21:00ч Кафе бар Лавадо – Кафе бар 9
22:00ч Асп Пак – Бел Мерцедес

Финалето е закажано за понеделник, 7 август.

Наградниот фонд на турнирот во Велгошти изнесува 150.000 денари. Предвидени се награди за првите четири екипи.

Награден фонд на турнирот во Велгошти:

I место – 100.000 ден.
II место – 35.000 ден.
III место – 12.000 ден.
IV место – 3.000 ден.

Покрај овие, предвидени се и награди за најдобар играч “Васко Речкоски” и најдобар голман.

Г.М.