Вечерва на турнирот во мал фудбал  „Велгошти 2026“ ќе бидат комплетирани полуфиналните двојки.

На програмата се преостанатите два четвртфинални натпревари, кои се очекува да донесат нова доза неизвесност и атрактивен фудбал во борбата за место меѓу четирите најдобри екипи.

Програмата започнува во 21:00 часот со дуелот меѓу Сатеска и Екстра Скопско, а од 22:00 часот силите ќе ги одмерат Асп Пак и БЗ Груп.

Претходно ласман во полуфиналето обезбеди Златара Бени Ерол, додека екипите на  Инекс Олгица Хотел и Спа и Др. Баткоски, со одлула на организаторот се исклучени од турнирот поради неспорртско однесување.

 

 

OhridNews