Охридскиот Амак СП вечерва со почеток 19.00 ч. во Билјанини Извори ќе го одигра натпреварот од второто коло во националното кошаркаско првенство.
На гости во Охрид доаѓа екипата на К. Соколи.
Охриѓани во вторник ќе го играат ревнаш мечот во Словенија, па затоа дуелот со „соколите“ ќе се одигра еден ден порано.











