Првиот информативен интернет портал кај нас „оhridnews.com“, денеска по осми пат ќе ја промовира Годишната ревија на настани и ќе ги прогласи успешните охридски приказни.

Традиционално и оваа 2021 ја завршуваме со Годишната ревија на настани, во која се поместени случувањата кои ја одбележаа годината што изминува и издвојуваме повеќе успешни приказни, како позитивни примери кои влеваат оптимизам, кој толку многу ни е потребен во овие времиња. Со несмален елан продолжуваме и во 2022 година во која најавуваме квалитативен исчекор во начинот на информирање и создавање креативни содржини за публиката од сите генерации. – изјави главниот и одговорен уредник на OhridNews Горан Момироски.

Кој ќе ги понесе признанијата во 2021 година, гледајте го директниот пренос од настанот на нашиот портал и на фан страната на OhridNews на Фејсбук, кој започнува во 19 часот.

Бесплатната Годишна ревија на настани на OhridNews, во наредниот период ќе биде дистрибуирана до читателите, а од вечерва на нашиот портал ќе биде достапна и дигитална верзија.

OhridNews