На сцената на Долни Сарај, вечерва ќе се одржи голем хуманитарен концерт за да и се помогне на шест месечната Елиза, која треба да изврши операција на очите, за што се потребни 1500 евра.
Концертот е во организација на менаџерскиот тим на „Канео фест“, општинскиот Црвен крст, а на него ќе настапат голем број музички ѕвезди од Охрид. Меѓу изведувачите кои го имаат потврдено своето учество на хуманитарниот концерт се Бојан Трајчески, Климент Стојаноски, Миланка Новеска, Боби Мојсоски, Моника Јанеска, Дарко Секулоски, АнаМарија Кунеска, Владимир Сарафилоски, Ана Пацеска, БЦ Генерација, Бад Цонтракт.
Концертот ќе почне во 21 часот. Цената на влезниците е 100 денари.