Како што објаснува претседателот на советот, Душко Јаковчески, вечерашната итна седница е свикана по барање на министерството за финансии и комерцијалните банки од кои е побаран долгорочниот кредит со кој општина Охрид планира да ги врати долговите кои години наназад се спомнуваат како пречка за развој на општината и влез во вората фаза на децентрализација. Имено, и покрај тоа што одлуката за кредитно задолжување на општината беше донесена од страна на советниците во месец ноември 2010, од надлежното министерство било побарано одлуката да е од тековната година, односно 2011.
Утре, со почеток во 9 часот, ќе започне продолжението на 31- та седница на советот со единствената преостаната точка на дневен ред, ставена по барање на советничката група на ВМРО- ДПМНЕ, предлог одлуката за учество на општина Охрид во уредување на градежното земјиште за изградба на Свети Климентовиот универзитет на Плаошник.