Вечерва со почеток од 20 часот, во Античкиот театар во Охрид, ќе се одржи 26-тата по ред годишна Конференција на УМС на ВМРО-ДПМНЕ. Мотото на годинешната конференција е „Движиме“, кое е одбрано од две причини.

– Првата причина е поради фактот што УМС е движечка сила и столб на ВМРО-ДПМНЕ. А, втората причина е поради фактот што без разлика на околностите, без разлика дали сме на власт или пак во опозиција нас, тоа не ни менува. Како УМС секогаш сме на браникот на државните интереси, на интересите на Република Македонија. Вечерва овој театар ќе биде преполн од млади луѓе, млади луѓе кои што имаат ентузијазам и енергија да работат заедно за нови победи, изјави Владимир Нелоски, Претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

Конференција ќе има формален и неформален дел. Во рамки на неформалниот дел ќе се одржи културно-забавна програма и изложба. Додека во формалниот обраќање ќе имаат Нелоски и претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски.

OhridNews