Вечерва од 21 часот во црквата „Св. Софија“ ќе настапат италјанското дуо Доменико дел Гуидиче на гитара и Џани Иорио на бндеон, во рамките на фестивалот „Охридско лето“.

Доменико дел Гиудиче е италијански гитарист познат по својата природна интерпретација, нагласена изразност, чувство за стил. Покрај студиите по , тој стекнал образование на полето на раната музика и инструментите од тој период во Шпанија, Италија и Франција.                   

Во својата изведувачка кариера дел тој има настапувано во повеќе европски земји, како и Канада, САД, Мексика, Аргентина. Неговиот репертоар опфаќа најразлични стилови – од Ренесансата до џезот – кои можат да се сретнат на еден ист концерт, донесувајќи богатство на звукот и идеите, а ги вклучува и најпознатите концерти за гитара од Родриго, Вила Лобос, Такемицу, Пјацола и др. Гитаристот често пати остварува премиерни изведби, а настапува и во соработка со водечките солисти и ансамбли.
Џани Иорио уште за време на своето школување како пијанист има освоено награди на бројни национални и меѓународни натпревари. Тогаш почнуваат и неговите интензивни концертни активности во Италија и европските културни центри. Во меѓувреме Лорио активно посетува мастер класи и семинари за своето стручно усовршување.

Покрај пијано, Лорио е познат како одличен изведувач на бандонеон вброен во првите три во Европа. Тој настапува на концертните и фестивалските подиуми, како и во фолк и џез клубовите, а има остварено повеќе снимки за радио и телевезиските куќи во Европа. Лорио соработува со познатите изведувачи – музичари и актери, како и со поп музичарите и автори на текстовите. 

OhridNews