Вечерва во дворот на ОУ „Св. Климент Охридски“ со почеток од 21 часот, ќе биде прикажана театарската претстава „Sports Play“ од Елфриде Јелинец, во продукција на Just a Must Theatre, Лондон – Велика Британија.

„Sports play“ претставува едно временско истражување на темната страна на животните игри, испреплетени со конкурентна борба во животот.


Претставата е провокативно истражување и врска помеѓу спортот, национализмот и насилството и опис на човечката опседнатост со изгледот и неуморниот спортски дух. Текстот на претставата е напишан во 1998 година и е инспириран од случувањата во поранешна Југославија.
 
На 13.5.1990 година, редовниот натпревар помеѓу „Динамо“ Загреб и „Црвена Ѕвезда“ од Белград, на стадионот „Максимир“ во Загреб, се претвори во побуна од широки размери во траење од повеќе од 70 минути. Побуните беа предизвикани поради етнички тензии и меѓусебни провокации, помеѓу навивачките групи на двете екипи, што подоцна, за жал, стана симбол и предвестие за војната што ја зафати цела Југославија во годините што следуваа и доведе до дезинтеграција и распад на државата. Елфриде Јелинек го виде сето тоа во Виена и беше мотивирана да го претстави како мешавина од спорт и борба.

Режисерката е австриска нобеловка, новелистка, поетеса и драмски писател, за која е карактеристичен раскошниот и неконвенционален стил на драмско пишување.

Инаку, со оваа претстава, започнува големата летна наградна игра на OhridNews со доделување на 2 влезници. За да учествувате во наградната игра, мора да сте фан (да кликнете Like) на нашата Facebook страна, посетете ја и следете ги иснтрукциите.

Добитникот на наградата ќе биде избран по случаен избор и ќе биде јавно објавен на OhridNews.com и на нашата фан страна на Facebook во текот на денешниот ден.

OhridNews