По долги процедури кои траеја повеќе од три години, Велика Британија на полноќ ќе стане првата земја што ја напушти Европската Унија. Земјата ќе влезе во преоден рок на којшто се согласи со ЕУ, кој предвидува земјата да остане во ЕУ наредните 11 месеци.

European Union and British Union Jack flag flying in front of Big Ben and the Houses of Parliament at Westminster Palace, London, in symbol of the Brexit EU referendum

Иако ја напушта ЕУ, Велика Британија ќе продолжи да ги почитува нејзините закони и судови. Исто така, ќе продолжи да има претставници во институциите на ЕУ и ќе се состане со лидерите на ЕУ во преодниот период. Луѓето кои патуваат во Европа нема да чувствуваат никаква промена за време на транзицискиот период.

Во втората фаза се очекуваат да настапат економски последици за двете страни. Она што ќе се промени е дека Британците нема да бидат во парламентот на ЕУ по овој период, ќе се смени бојата на нивните пасоши, Германија нема да ги доставува своите граѓани во Велика Британија кога ќе извршат злосторства, а Велика Британија ќе добие и нова валута – монети „брегзит“. Другите измени ќе бидат познати по 31 декември кога ќе помине периодот на транзиција.