По извонредното шоу во четвртокот за кое уште долго ќе се говори, најдобриот машки стендап комичар во Македонија Никола Тодороски, најавува нова доза незаборавна забава.
Никола Тодороски
Репризата на фантастичното шоу „Делириум“ зачинета со изненадувања и креативни освежувања, ќе се случи во понеделник, 25-ти август во Центарот за култура „Григор Прличев“ со почеток во 21 часот.
Час и петнаесет минути публиката ќе има можност да ужива во уникатниот хумор на Никола, a сецијален гостин на вечерта ќе биде еден од основачите на софиската стендап сцена, бугарскиот актер Иван Кирков.
Иван Кирков
Шоуто ќе го отвори талентираниот охриѓанец Зоран Донев кој е победник на натпреварот „Отворен микрофон“, што се одржа во „Џез ин“.
Билетите за стендап шоуто „ДЕЛИРИУМ“ по цена од 200 денари, можат да се набават на касата на Центарот за култура, мјузик шоп „ЗЗ Топ“ и трафиката „Фибос“ во охридската чаршија.
Не пропуштајте го стендап шоуто на летото!
OhridNews