Охриѓани вeчерва, 4ти април, во малата сала на Центарот за култура „Григор Прличев“ повторно ќе може да уживаат во урнебесното кабаре „2 Мothers brothers“.

Во веселото и забавно шоу, кое ќе ве насмее до солзи, настапуваат актерите Никола Тодороски и Стрезо Стаматовски. Тие во живо изведуваат голем број познати музички нумери со изменет и сатиричен текст. Динамичните музички преработки се надополнети со исклучително креативен сценски материјал, преку кој актерите го прикажуваат секојдневието и актуелните теми на еден необичен и комичен начин.

Влезниците за урнебесното шоу по цена од 150 денари можат да се набават на касата на Центарот за култура „Григор Прличев“.

OhridNews

ОСВОЈТЕ БЕСПЛАТНИ ВЛЕЗНИЦИ ЗА КАБАРЕ ШОТО „2 MOTHERS BROTHERS“

Охридскиот актер Никола Тодороски најдобар машки стендап комичар во 2013 година