По повод 5 јануари, денот на Св. Наум Охридски, вечерва, 23 декември, ОЕМУЦ ,,Св. Наум Охридски” го одбележува својот патрон празник.

Почнувајќи од 18 часот, во просториите на ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски”, од страна на учениците ќе се презентираат нивните изработки и трудови, а ќе има и хуманитарна акција „Од деца за деца“.

Во 19 часот во аулата на училиштето ќе започне свечената академија по повод патронот на училиштето.

OhridNews