По повеќе од три недели исполнети со неизвесни натпревари, атрактивни потези и возбудувања, традиционалниот турнир во мал фудбал „Велгошти 2026“ вечерва ќе го добие новиот шампион. Во големото финале, кое започнува во 22:00 часот, силите ќе ги одмерат Златара Бени Ерол и Бразилиан, екипи кои со одлични игри стигнаа до борбата за трофејот.
Пред финалната пресметка, од 21:00 часот, ќе се одигра натпреварот за третото место, во кој ќе се сретнат Сатеска и минатогодишниот шампион Асп Пак, кој оваа година остана без можност да ја одбрани титулата.
По завршувањето на финалниот натпревар ќе бидат прогласени победниците и ќе бидат доделени пехарите, медалите и индивидуалните признанија за најуспешните поединци на турнирот.
Г.М.













