Вечерва со почеток во 20 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“ предпремиерно ќе се прикажува најновата претстава на Народниот Театар Охрид, Полицајци од Славомир Мрожек (Полска) во режија на Андреј Цветановски.

Станува збор за приказна за објективитетот како состојба на умот. Драма за искоренување на субјективизмот и човечките вредности. За создавање на едноумие кое носи кон утопијата за совршен свет. За создавање совршен систем на сметка на хуманото во човештвото. Но дали го сакаме тоа? Дали субјективноста треба да се искорени? Дали треба да го уништиме човекот во нас за да создадеме совршен свет? Дали може објективно да се оцени вистината за одреден случај? Зарем не е јасно колку вистината е субјективна?

Во претставата играат: Никола Тодороски, Валентин Костадиновски, Стрезо Стаматовски, Ивица Цонев, Адријана Билаловиќ, Гпран Стојаноски, Никола Ристески, Игор георгиоски, Владимир Ристески, Катерина Петреска.

Режија и адаптација – Андреј Цветановски, сценограф – Владо Ѓорески – Рафик, костимограф – Кристина Мукоска Затуроска, избор на музика – Стрезо Стаматовски, Игор Георгиев, изведба на сценографија – Предраг Јовановиќ – Бато, тон – Филип Ангеличин – Жура, светло – Зоран Левески.

Претставата премиерно, пред охридската публика ќе се игра утревечер, со почеток во 20 часот.

Картите се продаваат по цена од 100 денари за предпремиера и 150 денари за премиера.

OhridNews