“Ни таму, ни ваму“- преку актерската игра, напати комична, со реплики од секојдневниот живот на двајцата случајни патници кои заглавени заради лошото време го чекаат својот лет за НАДВОР и ЗА ДОМА на еден Европски аеродром, го пренесува емотивниот прелом по соголената животна вистина на двајцата соговорници.
Во претставата играат: Симеон Дамевски, Љупчо Тодоровски-Упа, Стрезо Стаматовски и Никола Кумев.
Вечерашната предпремиерна изведба на претставата ќе започне во 20 часот, на малата сала на Центарот за култура “Григор Прличев”. Цена на билетот e 100 денари.
Премиерата на претставата е утревечер, со почеток во 20 часот. Цена на билетот за премиерата е 150 денари.