Вечерва со почеток во  19.30 часот  во Центарот за култура „Григор Прличев“ премиерно ќе биде изведена  претставата „Мачка на вжештен ламаринен покрив“ од Тенеси Вилијамс, што како проектна активност ја подготвија ученици на охридската гимназија под водство на проф. Ирена Бачиќ.

Репризно претставата ќе се игра и утре, 30-ти април исто така во Центарот за култура со почеток 19.30 ч.

Во претставата која се подготвуваше два месеца, настапуваат ученици од охридската гимназија, сценографијата е на проф. Кети Слатинец, а светло Илија Левески. Сценскиот настап е пропратен со музика на пијано (Димитриј Атанасов) и вокални аранжмани (Емилија Колоска).

OhridNews