Како што информираат од „ТАВ Македонија“ за белгиските гости ќе биде организирана церемонија за топло добредојде, при што заедно со членовите на екипажот тие ќе бидат послужени со торта изработена специјално за оваа прилика.
Белгиската авиокомпанија до септември ќе лета секој вторник и недела од Брисел до охридскиот и скопскиот аеродром. „Џетерфлај“, заедно со уште седум други авиокомпании, е дел од најголемата туристичка флота во Европа, во рамки на „ТУИ Травел ПЛЦ“ групацијата, која веќе започна со туристички аранжмани и оствари летови до Македонија, носејќи туристи од државите на Бенелукс. Првиот лет од Холандија беше на крајот на април.
Според најавите во Охрид и Македонија се очекува дека ќе пристигнат над 11.000 туристи од Финска и Белгија, како и 14.000 туристи од Холандија.