Вечерва од 19 часот во Култ Културен Центар ќе биде прикажан филмот „Прличев, Сердарот и јас“ од Милчо Јованоски. Филмот е во продукција на НУБ „Григор Прличев“ Охрид.

Всушност тој е интервју со проф. д-р Георги Сталев Поповски, авторот на првиот превод на Сердарот на македонски јазик во стихови. Професорот ги споделува своите размисли за тоа како настанало делото, но и многу други значајни согледувања поврзани со животот и творештвото на Григор Прличев. Премиерно ова интервју беше прикажано лани на манифестацијата „Прличеви беседи“ во Библиотеката.

Идејата на Култ Културен Центар е следната недела филмот да биде прикажан и за ученици од средните училишта од Охрид.

Како дел од вечерта ќе биде поставена изложба од детски цртежи и слики на тема Григор Прличев, а подоцна присутните ќе уживаат во диџеј сетот на Никола Тони и неговиот избор на тема етно и светска музика.

OhridNews