Вечерва проекција на филмот „Прличев, Сердарот и јас“ во Култ Културен Центар
21.02.26 10:48
Вечерва од 19 часот во Култ Културен Центар ќе биде прикажан филмот „Прличев, Сердарот и јас“ од Милчо Јованоски. Филмот е во продукција на НУБ „Григор Прличев“ Охрид.
Всушност тој е интервју со проф. д-р Георги Сталев Поповски, авторот на првиот превод на Сердарот на македонски јазик во стихови. Професорот ги споделува своите размисли за тоа како настанало делото, но и многу други значајни согледувања поврзани со животот и творештвото на Григор Прличев. Премиерно ова интервју беше прикажано лани на манифестацијата „Прличеви беседи“ во Библиотеката.
Идејата на Култ Културен Центар е следната недела филмот да биде прикажан и за ученици од средните училишта од Охрид.
Како дел од вечерта ќе биде поставена изложба од детски цртежи и слики на тема Григор Прличев, а подоцна присутните ќе уживаат во диџеј сетот на Никола Тони и неговиот избор на тема етно и светска музика.
Зад настанот стојат долгогодишни подготовки, тимска работа и институционална поддршка Деталите ќе бидат претставени наскоро на прес-конференција Охрид ќе биде домаќин на IRONMAN 703 на 20 јуни 2027...
Очекувам тешки натпревари со литванскиот тим, затоа што ќе го играме нашиот трет и четврт меч во девет дена Исто така во два дена играме два натпревари Се надеваме дека на првиот натпревар можеме д...
ЈП Водовод – Охрид ги известува корисниците дека поради зголемени вредности на матност, настанати како последица на дефект на водоводната линија, се забранува употребата на водата за пиење во и око...