Вечерва проекција на филмот „Прличев, Сердарот и јас“ во Култ Културен Центар
21.02.26 10:48
Вечерва од 19 часот во Култ Културен Центар ќе биде прикажан филмот „Прличев, Сердарот и јас“ од Милчо Јованоски. Филмот е во продукција на НУБ „Григор Прличев“ Охрид.
Всушност тој е интервју со проф. д-р Георги Сталев Поповски, авторот на првиот превод на Сердарот на македонски јазик во стихови. Професорот ги споделува своите размисли за тоа како настанало делото, но и многу други значајни согледувања поврзани со животот и творештвото на Григор Прличев. Премиерно ова интервју беше прикажано лани на манифестацијата „Прличеви беседи“ во Библиотеката.
Идејата на Култ Културен Центар е следната недела филмот да биде прикажан и за ученици од средните училишта од Охрид.
Како дел од вечерта ќе биде поставена изложба од детски цртежи и слики на тема Григор Прличев, а подоцна присутните ќе уживаат во диџеј сетот на Никола Тони и неговиот избор на тема етно и светска музика.
На 20022026 година во 16:00 часот во СВР Охрид, 48-годишно лице со живеалиште во село во општина Дебрца, пријавил кривично дело „Насилство врз дете“ сторено од наставник во основно училиште во село...
Советот на Општина Охрид следната недела, на 27 февруари, со почеток во 9 часот ќе ја одржи седмата седница На Дневен ред се 17 точки меѓу нив и предлог одлуката за започнување постапка за присоеди...
Ракометарите на Охрид денес во Спортскиот центар „Репи“ во Прага со почеток во 18 часот ќе го одиграат реванш натпреварот од 1/8 финале од ЕХФ Европскиот Куп против Дукла Прага Крсте Андоновски, по...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.