Вечерва се одржуваат традиционалните Охридски староградски средби, фестивал на староградскиот мелос во организација на Национална установа Центар за култура “Григор Прличев”.

Во 19 часот ќе се одржи дефиле на ансамблите низ охридската чаршија, во 20 часот е предвидено свеченото отворање на фестивалот во Центар за култура „Григор Прличев“. Меѓу ансамблите кои ќе настапат, се и охридските „Климе Садило“, Оркестарот при фолклорниот ансамбл „Бисери“ и градскиот мешан хор „Вокс Лихнидос“.

Програмскиот квалитет на фестивалот значи вредносно продолжување на традициите што датираат од пред неколку века, воедно и придонес во незаборавот на старите, автетнични песни, навраќање во богатата градска ризница на традициите од минатите векови.
Со обновување на Фестивалот продолжува животот на постојните состави што го негуваат стариот градски мелос и отворена е можноста за формирање нови групи и ансамбли.

Организирањето на манифестацијата е овозможено со материјална помош на Министерството за култура на Република Македонија.

OhridNews