Со натпреварите за медали вечерва ќе биде спуштена завесата на 20-то издание на турнирот во мал фудбал во Велгошти. Во големото финале ќе се сретнат екипите на Гранит Х и АСП ПАК, а еден час порано се игра натпреварот за 3-то место во кој се среќаваат екипите на Стоматолошки центар Др. Баткоски и Сатеска.

Финален ден, 07.08.2025

21:00 Стоматолошки центар Др. Баткоски – Сатеска (за 3 место)

22:00 Гранит Х – АСП ПАК (финале)

Организаторот годинава обезбеди богат награден фонд од 320 000 денари, највисок до сега. Победникот ќе инкасира 200 000 денари, второпласираната екипа ќе добие 80 000, третопласираната 30 000, а четвртопласираната 10 000 денари.

Покрај овие, ќе бидат доделени и награди за најдобар играч и најдобар голман на турнирот во мал фудбал “ВЕЛГОШТИ 2025”.

Турнирот „Велгошти 2025“ е поддржан од Општина Охрид и градоначалникот Кирил Пецаков..

OhridNews