По повод големиот православен празник Богородица, бродовите „Александрија“, денеска, ќе пловат до манастирот во Калишта по промотивна цена од само 100 денари.

Поаѓањето е од охридското пристаниште во 19 часот, а за терминот на враќање патниците ќе добијат информација на брод. 

Богородица е еден од најголемите православни празници, кон кој посебен култ има во охридско и струшко. Манастирот во Калишта е посветен на Мајката Божја и е познат по чудотворната икона на која во црно е насликана заштитничката.

OhridNews