По повод одбележувањето на денот на осамостојувањето на Република Македонија, во организација на НУ Центар за култура “Григор Прличев”, вечерва, со почеток во 18.00 часот, во изложбениот салон на Центарот за култура, ќе се оддржи трибина „ Историски осврт на македонското прашање“, на која ќе говори Мирко Томоски.

Еден час подоцна, на платото пред центарот, ќе се оддржи фолклорен концерт, на кој ќе настапат : АНПИ “Бисери”, КУД “Отекс фолк”, ФА “Филиграни” и Петар Нечовски.

OhridNews