Вечерва со почеток во 20 часот во Центарот за култура  „Григор Прличев“ во Охрид, ВМРО – ДПМНЕ ќе одржи граѓанска трибина.

Од партијата ги повикуваат граѓаните на Охрид да земат учество на трибината и со свои предлози и сугестии директно да учествуваат во изработка на идната Програма на ВМРО-ДПМНЕ за претстојните Парламентарни избори.

Според најавите, на трибината ќе присуствува тим од ВМРО-ДПМНЕ и од Владата на Република Македонија.

OhridNews