Претставата „Кога бев мртов“ е инспирирана од истоимената бурлеска од германскиот режисер Ернст Лубич од 1916 година. Темата е убава комична приказна за сопруг кој го најавува своето самоубиство и исчезнува, а подоцна повторно се појавува, но со лажен идентитет.
Улогите ги толкуваат Алој Свете – сопругот, Јанез Шкоф – сопруга, девојка, Јернеј Шутгман – баба, мајка на сопругата, Борис Михаљ – додворувач, шахист и Јоже Шалеј -пијанистот.
Инаку, „Кога бев мртов“ на словенечкиот фестивал „Денови на комедијата“ 2011 во Целје, ја доби наградата за најдобра претстава, а режисерот Диего де Бреа на тој фестивал доби награда за најдобра режија.